fbpx

Марјан Даскаловски по петти пат на чело на струмичките ловци

Денес во домот на АРМ Ловното друштво „Беласица“ од Струмица го одржа своето годишно собрание. Оваа година беше и изборна за претседател на друштвото. Педесет и еден делегат на собранието едногласно ја дадоа поддршката за Марјан Даскаловски и му ја дадоа довербата по петти пат да биде на чело на Ловното друштво „Беласица“.

-Горд сум што ја добивам по петти пат поддршката од делегатите.Знаат дека ЛД„Беласица“ се води чесно и одговорно. Сите заедно направивме друштвото да биде респектирано и едно од највлијателните во нашата држава. Во следните четири години ќе работиме напорно за да останаме пример за другите. Горд сум на својот Управен одбор, на мојот ловник Димитар Арапов, како мој прв соработник, на ловочуварската служба и на сите комисии. Кога имаш ваков тим, лесно се остваруваат замислените цели. нашето членство знае дека нема да ги разочараме, изјави претседателот на ЛД„Беласица“, Марјан Даскаловски.

Share via
Copy link