fbpx

Бугарин шверцувал две илјади кутии цигари

 Бугарин шверцувал две илјади кутии цигари

Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, бил приведен бугарскиот државјанин Г.С.К.(45).

На магистралниот пат во близина на село Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2000 кутии цигари.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор:МВР-билтен

Фото:Архива

Share via
Copy link