„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Инфо ден за граѓанските организации за користење општински простории
Денеска во големата сала на домот на АРМ се одржа Инфо ден со претставници на граѓански организации за објавување на Јавен повик за распределба и доделување на општински простории – времено користење во касарната од страна на граѓанските организации.
Според Тони Милушев, раководител на Одделението за локален економски развој, во рамките на една од многу битните заложби на градоначалникот Коста Јаневски заедно со општинската администрација е да се реализира концептот Струмица грижлив град со единствена цел да се создадат услови и механизми за институционална поврзаност помеѓу Општината и граѓанскиот сектор, како и останатите релевантни чинители во градењето на локална заедница со еднакви можности за сите.
Претставниците на граѓанските организации беа информирани за започнатата процедура за доделување простории во двата нови центри коишто општина Струмица ги реализираше како два посебни проекти – Повеќенаменски социјален центар и Нов НВО центар во зграда од поранешната касарна.