fbpx

Рекорд во Струмица:13 новозаболени од ковид-19, двајца починати

 Рекорд во Струмица:13 новозаболени од ковид-19, двајца починати

Денес во Струмица се регистрирани 13 нови случаи на новозаболени од ковид-19, а двајца на 29 и 44 годишна возраст се починати, информираат од Центарот за јавно здравје во Струмица.

Новозаболените се на возраст од 8 до 62 години и потекнуваат од досегашни, но и од нови кластери. Додаваат дека во денешниот извештај на министерството за здравство се објавени нови 9 заболени од Струмица, но не се ставени резултатите од тестирањата од приватните болници за четворица новозаболени.

Во саботата во Струмица беа регистрирани 11 нови случаи на заразени од коронавирус, а досега во Струмица се починати 7 лица.

Aктуелната состојба со ковид-19 се разгледуваше на денешниот координативен состанок што се одржа во Општината, на кој присуствуваа Петре Витанов директор на Центарот за јавно здравје, д-р Мери Николова Гичева-епидемиолог, Наќе Гогов директор на Општата болница, Жанко Зимбаков, заменик началник на СВР Струмица, Милан Русев, раководител на Центарот за управување со кризи, Марјан Даутовски, раководител на Дирекција за заштита и спасување и Александар Оџаков, секретар на општина Струмица.

-На состанокот се разгледуваа мерките од Владата за спречување на ширењето на корона вирусот, базирани на Законот за заштита на население од заразни болести. Заедничка е констатацијата дека актуелната состојба е релативно загрижувачка, имајќи в предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација, туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години, информираа денес од Општина Струмица.

Апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките за задолжително носење маска и одржување физичка дистанца, а одговорното однесување на сите физички и правни лица е клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето.

Share via
Copy link