„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Продолжува двоцифрениот број на заболени од корона во Струмица-денес 14 нови
Денес во Струмица се регистрирани 14 новозаболени од Ковид-19, а по подолго време и петмина оздравени.
Освен во Струмица, новозаразени има во шест во Гевгелија, и во Валандово четворица, а едно лице од Радовиш починало.
Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 58-Куманово 5 -Дебар 2 -Штип 5 -Прилеп 4 -Тетово 5 -Струга 6 -Велес 1 -Битола 5-Охрид 3 -Кавадарци 2 -Гостивар 1 –Гевгелија 6 -Струмица 14 -Кочани 18 -Пробиштип 1 -Берово 4 –Валандово 4 -Делчево 3 -Свети Николе 3 -Кичево 2.
Починати се 2 лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти од:
-Скопје 32 -Куманово 17 -Штип 5 -Прилеп 7 -Тетово 7 -Струга 6 -Велес 4 -Битола 1 -Охрид 2 -Гостивар 1 –Гевгелија 15 -Струмица 5 -Крива Паланка 2 -Кочани 7 -Пробиштип 1 -Пехчево 5 -Берово 2 -Виница 3-Делчево 1 -Кратово 1 -Свети Николе 1 -Кичево 1.
Досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19.
Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.