fbpx

Родители во село Моноспитово со протест бараат настава со физичко присуство

 Родители во село Моноспитово со протест бараат настава со физичко присуство

Родители на ученици од Основното училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово денес со мирен протест побараа сите ученици до деветто одделение да се вратат на настава со физичко присуство, бидејќи според нив училиштетото ги исполнува сите услови за настава според протоколите.

Велат сите родители дале изјава дека се согласуваат нивните деца да посетуваат настава во училиштето со физичко присуство.

Протестот на родителите го поддржа и директорката на училиштето, Соња Бучкоска.

-Јавно ги поддржувам родителите и како директор и како родител.Ние направивме се што е потребно за одржување настава со физичко присуство. Имавме посета од државните просветни инспектори, кои дојдоа и ја констатираа фактичката состојба, за на крај Комисијата за заразни болести да не ни даде согласност без никакво образложение,  рече директорката Соња Бучкоска.

И градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков, смета дека училиштето е подоготвенои ги исполнува сите услови за настава со физичко присуство.

-Како општина сметаме дека училиштето во село Моноспитово ги исполнува сите услови и наставата може да се организира и изведува безбедно, рече градоначалникот Зимбаков.

Во ова училиште драстично е намален бројот на ученици во изминатите години, а оваа учебна година настава треба да посетуваат 130 ученици.

Share via
Copy link