Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Три нови сестри од струмичката болница позитивни на коронавирусот, раководството бара дополнителен персонал
Нови три медицински сестри од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и со тоа вкупниот број на заразени здравствени работници се искачи на осум, од кои двајца се лекари, информираше денеска директорот Наќе Гогов.
Според него, итно е потребно да се ангажира дополнителен медицински персонал и затоа очекува ресорното министерство да му доволи да ангажира сестри со договор на дело, но и лекари и сестри од други болници во државата.
Како што информира директорот Гогов,од понеделник треба да биде проширен капацитот на новиот оддел за инфективни болести за уште 6 кревети, кои треба да бидта поставени во поранешната ортопедска амбуланта.
-Капацитетот во Инфективното одделение е целосно исполнет, а засега имаме само две слободни места во новиот оддел. Се надевам дека до понеделеник ќе успееме да ги прошириме капацитети со новите шест за да можеме да ги згрижиме пациентите на кои им треба болничко лекување, рече Гогов.