fbpx

Паѓа бројот на новозаразени од ковид-19 во Струмица, денес десет оздравени

 Паѓа бројот на новозаразени од ковид-19 во Струмица, денес десет оздравени

Во последните 24 часа во Струмица се регистрирани 8 новозаразени од коронавирусот, а десет лица оздравеле, соопштија денес од Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 90 -Куманово 11-Штип 2 -Прилеп 6-Тетово 5 -Велес 4 -Кавадарци 2 -Гостивар 15 –Струмица 8 -Крива Паланка 1 -Радовиш 1 -Кочани 3 -Пробиштип 2 -Берово 6 -Валандово 1 -Делчево 2 -Кичево 2.

Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од:

-Скопје 62 -Куманово 6-Штип 4 -Прилеп 6 -Тетово 7 -Струга 4 -Велес 3 -Битола 2 -Охрид 3 -Кавадарци 5-Гостивар 5 -Гевгелија 2 –Струмица 10 -Радовиш 4 -Кочани 12 -Пробиштип 6 -Пехчево 2-Берово 3 -Валандово 4 -Свети Николе 2 -Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550.

Share via
Copy link