fbpx

„Медија флеш“ продолжува со реализирањето на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“

 „Медија флеш“ продолжува со реализирањето на проектот  „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“

Во рамките на проектот „Читај меѓу редови и биди медиумски писмен“ финансиран и поддржан од стрaна на Општина Струмица, проектниот коодинатор Ристо Тасев и асистентот Веле Појразовски се сретнаа со секретарката на Општинската организација на Црвен Крст Струмица, Марија Тошева.

На средбата беше договорено до крајот на овој месец за волонтерите на Црвен крст да се одржи предавање за медиумската писменост, препознавање на лажни вести посебно во време на пандемија и како активностите на Црвен крст да бидат препознати и видливи во јавноста.

На средбата беше истакнато дека соработката меѓу Црвен крст и Медија Флеш и досега е на високо ниво, а во изминатиот период се рерализирани неколку заеднички активности на полето на медиумската писменост.

Share via
Copy link