fbpx

Порака од градоначалникот Јаневски по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

 Порака од градоначалникот Јаневски по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Трети декември во целиот свет се одбележува како Меѓународен ден на лицата со попреченост и како таков има за цел да го сврти вниманието на јавноста на нивното постоење, но и да ги поттикне сите релевантни фактори за изнаоѓање соодветни решенија за сите нивните проблеми и барања. Целосното интегрирање на лицата со попреченост во заедницата и општеството треба да биде наша примарна цел, а сите досегашни ангажмани на тој план нужно е да се унапредуваат до нивна сеопфатна реализација. Трети декември треба да ни биде само потсетник, што треба да работиме во наредните 365 дена, за да го зголемиме квалитетот на живеење на лицата со попреченост.

Општина Струмица била и останува вистински предводник во грижата за лицата со посебни потреби, а таква ќе биде и во иднина.Овој ден е за сублимирање на сработеното, планирање конкретни чекори за понатамошни достигања и креирање амбиент по мерка на лицата на кои овој ден им е посветен.

До следниот 3. Декември, охрабрени од взаемното задоволство од досегашната соработка, продолжуваме со отстранување на бариерите, затоа што СИТЕ СМЕ ЕДНО.

Share via
Copy link