fbpx

Нема починати, драстичен пад на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Струмица

 Нема починати, драстичен пад на бројот на новозаразени од Ковид-19 во Струмица

Седум новозаразени и тројца оздравени е билансот од најновата ковид статистика за Струмица.

Во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 126-Куманово 27-Штип 19-Прилеп 9-Тетово 33-Велес 26-Битола 7-Охрид 2-Кавадарци 25-Гостивар 22-Гевгелија 12-Струмица 7-Крива Паланка 4-Радовиш 5-Крушево 1-Кочани 2-Пробиштип 1-Македонски Брод 1-Берово 1-Кратово 1-Свети Николе 5-Кичево 3-Ресен 3-Неготино 23.

Починати се 25 лица, дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, останати се се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти од:

-Скопје 152-Куманово 154-Дебар 5-Штип 28-Прилеп 52-Тетово 130-Струга 37-Велес 20-Битола 30-Охрид 64-Кавадарци 40-Гостивар 205-Гевгелија 22-Струмица 3-Крива Паланка 9-Кочани 13-Пробиштип 5-Демир Хисар 10-Македонски Брод 2-Пехчево 4-Берово 8-Валандово 14-Виница 2-Делчево 4-Свети Николе 15-Ресен 10 -Неготино 21.

Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678.

Share via
Copy link