„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Почнува одбележувањето на Денот на заштитниците на Струмица-Свети петнаесет
Со доделувањето на наградите по распишаниот литературен конкурс посветен на градот, денес во библиотеката „Благој Јанков Мучето“, почнува реализацијата на настаните со коишто ќе биде одбележан Денот на заштитниците на Струмица „Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“.
Вечерва во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и слики од Боро Арсовски.
Одбележувањето продолжува утре (11.12.2020 година) со Светата Божествена литургија којашто ќе се одржи во црквата „Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“ со почеток во 9 часот, а во 12 часот во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи свечената седница на Советот на општина Струмица на којашто ќе бидат доделени и годишните награди и наградата за животно дело.
Годинашната програма завршува со промоцијата на книгата „АРАПТАЗИ“ од нашиот сограѓанин Иван Котев во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“.
На свеченостите ќе бидат преземени сите мерки за заштита од Ковид-19 според протоколите за одржување на ваков тип на настани.