„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Повеќе оздравени од новозаразени од Ковид-19 во Струмица
Во Струмица се регистрирани 68 оздравени и 32 новозаразени. Нема починати.
Во последните 24 часа се направени 2758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 417-Куманово 40-Штип 20-Прилеп 47-Тетово 46-Струга 31-Велес 39-Битола 46-Охрид 33-Кавадарци 23-Гостивар 37-Гевгелија 11-Струмица 32-Крива Паланка 7-Радовиш 2-Крушево 1-Кочани 22-Пробиштип 1-Демир Хисар 2-Македонски Брод 1-Пехчево 1-Берово 5-Валандово 3-Виница 4-Делчево 10-Кратово 1-Свети Николе 10-Кичево 22-Ресен 5-Неготино 10.
Починати се 28 лица, пет пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починато во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1068 оздравени пациенти од:-Скопје 255-Куманово 51-Дебар 3-Штип 40-Прилеп 81-Тетово 74-Струга 23-Велес 64-Битола 33-Охрид 31-Кавадарци 40-Гостивар 67-Гевгелија 22-Струмица 68-Крива Паланка 11-Радовиш 8-Кочани 27-Пробиштип 6-Демир Хисар 3-Македонски Брод 7-Берово 15-Валандово 6-Виница 9-Делчево 31-Кратово 10-Свети Николе 19-Кичево 42-Ресен 9-Неготино 13.
Досега во земјата се направени вкупно 357.102 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468.