fbpx

Советот за етика објави Насоки за инклузивно медиумско известување за Ковид-19

 Советот за етика објави Насоки за инклузивно медиумско известување за Ковид-19

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.  

Целта на Насоките е  се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата, за жал, бевме сведоци на тоа како различноста сè повеќе се користи како основа за виктимизација, ширење лажни обвинувања, теории на заговор и говор на омраза кон немнозинските заедници. Оттука, медиумите мора да имаат многу поактивна улога во поттикнувањето разбирање и прифаќање на различноста меѓу луѓето. Инклузивното известување може да ги спречи овие деструктивни појави“, вели во интервју за УНЕСКО Марина Тунева. Анализите, додава Тунева, покажуваат дека недоволната застапеност и стереотипното претставување на немнозинските групи во општеството не е само карактерично за Македонија или регионот, туку и за Европа и пошироко.  

Препораките во овие Насоки се во согласност со веќе постоечките професионални стандарди и практики во новинарството и претставуваат дополнување на одредбите во однос на инклузијата на различностите во медиумското известување. Насоките се подготвени како резултат на консултациите со советите за етика во Западна Европа и во регионот на Југоисточна Европа, анализа на документи на професионални новинарски и медиумски организации, како и врз основа на интервјуа со медиумски стручњаци, професори и претставници на граѓански организации коишто работат на заштита на човековите права на ранливите групи.  

Насоките се подготвени во рамки на проектот на УНЕСКО финансиран од ЕУ „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа – фаза 2“.  

Тие се, пред сè, наменети за новинари, студенти, едукатори и активисти, како и за раководството на медиумите. Освен тоа, Насоките претставуваат поддршка за различни актери кои што работат во хуманитарен контекст, за да се адресираат потребите на ранливите и маргинализираните поединци и групи.  

Насоките се достапни на: https://www.semm.mk/soopshtenija/838-19 .

Share via
Copy link