fbpx

Полициски билтен:брат физички нападнал брат во радовишко, 79 граѓани не носеле маски

 Полициски билтен:брат физички нападнал брат во радовишко, 79 граѓани не носеле маски

Вчера во 18:45 часот во Полициската станица Радовиш, С.И.(39) од радовишко село пријавил дека околу 16.30 часот во атар на селото бил физички нападнат од неговиот брат И.И.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.12/16.12.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 79 лица не ја почитувалe, од кои 47 во Струмица, 16 во Радовиш, 14 во Гевгелија, и 2 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link