Лекар во Гевгелија нападнат од возач на Итна медицинска помош
Заев:Слободата и демократијата немаат цена
Пред осум години, на денешен ден беше нападната македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија, потсети премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил.
24 декември, црниот понеделник, е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина.Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството.Ја живееме слободата.Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без страв од упади и насилни исфралања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.
Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното. Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!, стои во објавата на Заев.