„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одбојка:Без Филип Маџунков за првите три натпревари во евроквалификациите
И покрај тоа што се чувствуваше подобро и ја мина долгата терапија, Филип Маџунков, сепак, нема да може да настапи во првата половина од квалификациите за Европското првенство 2021. Нашиот среден блокер се уштеима проблеми со коленото, па селекторот Никола Матијашевиќ евентуално ќе може да го користи за натпреварите од четврток до сабота, коишто формално се дел од вториот од двата квалификациски турнира во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Техничарот Ефтим Ричлиев и коректорот Стефан Алексов, исто така, го минаа целиот подготвителен период и влегоа во потесниот избор на Матијашевиќ, но за деби во сениорскиот дрес ќе чекаат некоја друга можност.
На конечниот список на селекторот за утрешниот натпревар со Босна и Хрцеговина и за пресметката со Турција в среда, пријавени се 14-мина одбојкари. Единствената дилема е дали Дарко Ангеловски ќе биде примач, какошто играше на четирите контроли со Бугарија, или, пак, ќе настапи како либеро што е негова стандардна позиција во долгогодишната репрезентативна кариера.
Иван Андонов, кој може да одигра повеќе улоги во тимот, ќе го покрива отсуството на Маџунков на центар, а сите други линии се стандардни. Во споредба со Европското првенство во Словенија во 2019-та, дебитантско за нас, во репрезентацијата е Лука Костиќ на местото на Александар Милков, какои 18-годишниот Филип Савовски кој треба да биде иднина на црвено-жолтиот состав на позиција среден блокер.
Коректори: 4.Никола Ѓорѓиев ,Техничари: 2.Ѓорѓи Ѓорѓиев, 11.Филип Деспотовски Примачи: 1.Дарко Ангеловски, 5.Владо Милев, 8.Александар Љафтов,16.Стојан Николов, 17.Лука Костиќ. Средни блокери: 7.Славе Наков, 14.Иван Андонов, 19.Ристо Николов, 20.Филип Савовски.Либера: 12.Филип Николовски, 18.Васе Михаилов.
Извор: Одбојкарска федерација на Македонија