„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Завршија интервјуата за негуватели на стари лица и лица со попреченост за Радовиш, Валандово и Гевгелија
Со денешните интервјуа на 15 кандидати во Гевгелија и 8 во Валандово заврши пријавувањето за обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост, финансирани од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.
Со вториот циклус обуки ќе бидат избрани вкупно 15 кандидати од општините Радовиш, Валандово и Гевгелија, кои ќе почнат да ја посетуваат обуката од 10 март.
Обуките ќе се одржуваат во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица, а избраните кандидати од општините Радовиш, Гевгелија и Валандово ќе бидат известени в понеделник.