fbpx

„Комуналец“ засадува илјади јавори на Чам Чифлик

 „Комуналец“ засадува илјади јавори на Чам Чифлик

Во делот од големата пролетна акција за чистење и уредување на општината, ЈПКД „Комуналец“ почна и со пошумување и уредување на излетничкото место Чам Чифлик.

Во акцијата е предвидено чистење и пошумување со илјада дрвца јавор, кои ке придонесат ова излетничко место, кое е атрактивно со својата природа и убавина, да добие уште подобар изглед.

Од „Комуналец“ апелираат до сите граѓани, кои го користат и ке го посетат оваа излетничко место, да се однесуваат домаќински и одговорно со што би се задржала чистотата и природната убавина на локалитетот.

Share via
Copy link