fbpx

Црвен крст Струмица: Почна обуката за помош и нега на стари и лица со попреченост за општините Ново Село и Василево

 Црвен крст Струмица: Почна обуката за помош и нега на стари и лица со попреченост за општините Ново Село и Василево

Денеска во просториите на Црвен крст Струмица почна обуката за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, финансирана од Светска банка преку Министерство за труд и социјална политика.

Обуката е дел од проектот за подобрување на социјалните услуги во општините Ново Село и Василево.

Вклучени се вкупно 14 кандидати од овие две општини, кои по завршување на обуката ќе се стекнат со сертификат за обучени негуватели на стари лица и лица со попреченост. Услугата опфаќа помош и нега на стари и изнемоштени лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет како и лица со попреченост.

Предвидено е обуката да заврши на 6 мај годинава.

Share via
Copy link