„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Јаневски:Потврдени заедничките заложби со Владата за подобрување на спортската инфраструктура
На денешната средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и советникот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев, разговаравме за актуелната состојба со спортската инфраструктура и ги потврдивме заедничките заложби за нејзино подобрување и поголема функционалност, објави на фејсбук градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
На средбата го потврдив моето задоволство од поддршката на Агенцијата и Владата во развојот на спортот во нашата Општина.
Струмица е град на врвни спортисти и спортски екипи, расадник на спортски легенди и заради тоа наша обврска е постојано да вложуваме во развојот на спортот.