fbpx

Продолжува асфалтирањето на улиците во населените места во Општина Струмица

 Продолжува асфалтирањето на улиците во населените места во Општина Струмица

Вчера се асфалтираше улица позади фармата во Дабиле, а денеска се асфалтираат две улици во Сачево и тоа на потегот од продавницата Гаљо до Митко и Васил Глигорови и од продавницата до позади училиштето, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Во наредните денови асфалтирањето ќе продолжи во населените места Добрејци и Просениково.

Share via
Copy link