Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
„Комуналец“ изврши чистење и миење на подземната гаража
Следејќи ги препораките од граѓаните за почиста животна средина и подобар изглед на градот, по реакција на Мери Костуранова дека паркингот под плоштадот Гоце Делчев е полн со наталожена прашина, земја и лоша миризба од издувните гасови ЈПКД „Комуналец“ изврши ноќно машинско чистење и миење на истиот, објавија од струмичкото комунално претпријатие.
Менаџментот на Јавното Претпријатие Комуналец ги разгледува и поздравува сите препораки во делот на јавната хигиена и реагира со целиот свој потенцијал во најбрз можен рок, се со цел граѓаните да добијат почиста и поздрава животна околина, со молба до сите за одговорно однесување и грижа кон сето она што е направено за подобро и поквалитетно животно опкружување.
Машинското чистење и миење продолжува и реонски ке бидат опфатени сите делови од градот.