„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Според анкетата на МЦМС Јаневски меѓу десетте најдобри градоначалници
Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци бил најчесто избиран како
најдобар од страна на испитаниците кои одговориле на отвореното прашање: „Според
вас, кој е најдобриот градоначалник во Македонија?“ За него се изјасниле 10,5% од
испитаниците. На второ место е Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на
Гостивар, а трет е Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово. На следните
три места се Теута Арифи (Тетово), Висар Ганиу (Чаир) и Петре Шилегов (Скопје) за кои
се изјасниле 3,5% односно 3,3% и 3,2%, респективно.
Исти процент испитаници (2,4%) се изјасниле за градоначалниците Стефан Богоев (Карпош), Борче Митевски (Петровец), Коста Јаневски (Струмица) и Саша Богдановиќ (Центар).
За градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски се изјасниле 2,0% од испитаниците. Потоа следуваат уште 12 градоначалници за кои се изјасниле меѓу 1,9% и 1,0% (Графикон 10).
За вкупно 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1% и тие се претставени во колоната други, додека 14 градоначалници воопшто не се спомнати од испитаниците.