Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Тим на волонтери на Црвен крст Струмица вклучен во масовната вакцинација во Регионалниот пункт
Осумнаесет волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица, предводени од секретарот Маријана Тошева, од денес активно се вклучени во спроведувањето на масовната вакцинација во Регионалниот пункт во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“.
Тие се задолжени за прифат на граѓаните и нивно упатување кон пунктовите за вакцинација.
Од денес струмичкиот Црвен крст им стои на располагање на граѓаните кои сакаат да се пријават за вакцинирање на сајтот vakcinacija.mk.
Граѓаните кои немаат пристап до интернет и немаат електронски адреси можат да се пријават во просториите на Црвен крст Струмица и според информациите оттаму досега нашите волонтери им помогнаа на 130 граѓани да се пријават за вакцинација.