„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Еден починат и 6 оздравени од Ковид-19 во Струмица
Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во:
• Скопје – 26• Битола – 7• Куманово – 6• Прилеп, Охрид и Струга – по 2• Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).
Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:
• Скопје – 58• Куманово и Прилеп – по 10• Виница – 8• Струмица – 6• Охрид, Штип и Радовиш – по 5• Велес – 4• Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3• Битола, Кочани и Кавадарци – по 2• Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .
Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040