Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Актери од „Антон Панов“ наградени на фестивалот во Враца, Бугарија
Актерката Танкица Стојанова и актерите Горги Трајков и Никола Костадинов од НТ „Антон Панов “ од Струмица се добитници на награди на 32-то издание на Националниот фестивал на мали театарски форми и 10. Фестивал на Новата европска театарска акција што се одржа во Враца, Бугарија, од 16 до 21 мај.
Стојанова ја освои наградата за улогата на Ева во претставата „Умри машки“ од Алдо Николај“ во режија на Кире Ѓоргиев во продукција на струмичкиот театар, а младите актери Ѓорги Трајков и Никола Костадинов добија специјална награда за нивните ролји во истоимената претстава.