Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Ана Клесова, „Europe House“:Струмица покажа дека има ентузијазам за незагадувачки транспортни методи
-Огромна чест и задоволство ни е што веќе втора година по ред Europe House Струмица ја одбележува Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили со настанот “Zero Emission Parade”, настан кој оваа година е помасовен и ни се приклучија многу повеќе ентузијасти и поддржувачи на урбаната одржлива мобилност, изјави Ана Клесова, Мрежен и програмски координатор во Europe House Струмица.
Во нејзината изјава таа додаде:
-Темата на овогодинешната Европска недела на мобилоност „Подобри врски – Better connections“ е посветена да охрабрува промени кај сите нас за да створиме промени во нашето однесување во корист на активна мобилност, користење јавен превоз и други чисти, паметни одржливи транспортни решенија. Како и низ многуте градови во Европа кои ја слават оваа недела, Струмица оваа година повторно покажа дека има ентузијазам и критична маса која ги поддржува овие оддржливи и незагадувачки транспортни методи. Не би било фер доколку не ги спомнеме и младите од Струмица и регионот, кои ни се изворот на позитивна енергија и мотивација да организираме што е можно повеќе вакви настани каде што нивните потреби и барања ќе бидат слушнати и истите ќе се охрабрат да бидат моторот на движења за прогресивни промени во нивните заедници, рече Клесова.
Од Europe House Струмица упатуваат голема благодарност до Општина Струмица и Градоначалникот Костадинов кои се јавија како ко-организарори на овој настан, индивидуалци – ентузијасти, Министерството за внатрешни работи – СВР Струмица, јавните институции, основните и средни училишта во градот, но и до сите здруженија, спортски и велосипедски клубови од Струмица кои го поддржаа во овој настан.