Македонскиот прволигашки клуб Брера Струмица и понатаму ќе биде дел од проектот ,,Животни шампиони“ каде младите фудбалери, освен на фудбалски план, ќе се едуцираат и како да градат мостови на пријателство и почитување на различностите. Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој за младите од Србија за кој поддршка даде и нашиот претседател […]
Заради работа на водоводната мрежа од 9 до 12 часот без вода ќе останат улиците: „24 Октомври“ од пресекот со улица „Жртви на фашизмот“ до пресекот со улица „Братство и единство“, улица „Жртви на фашизмот“ од пресекот со улица „Васил Сурчев“ до пресекот со улица „24 Октомври“, како и улица „Братство и единство„ од пресекот […]
Како носител на Изборната единица 4, д-р Венко Филипче имаше средба со граѓани во Радовиш. Лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ, кои се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, беа една од темите на кои Филипче разговараше со граѓаните. ,,Слободата е повторно под закана. Денешниот скандал за спрегата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и државната телевизија МТВ, укажува на тоа […]
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Обвинителството. Осомничениот, на 31 март во раните утрински часови, извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во […]
Вчера околу 14:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Р 1401 Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од […]
Едно лице загина на патот Струмица-Валандово, на Валандовско брдо откако камион се струмички регистарски таблички излетал од патот и се поревртел. Според информациите од СВР Струмица, тешката сообраќајна несреќа се слчучила околу 14:30 часот, кога каминот од засега неутврдени причини се превртел на еден свиок на Валандовско брдо, а едно лице загинало на местото на […]
Вчеравечер како носител на Изборната единица 4, Венко Филипче го посети Општинскиот изборен штаб во Валандово. Оттаму порача дека по објава на носителите за претстојните парламентарни избори, СДСМ добива зголемена и силна поддршка на терен. „По една недела на терен и средби со граѓани, морам да истакнам дека се чувствува обединетоста и мобилизација на гласачите […]
-Ве известуваме дека почнувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 во вторник до 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, информираа денеска од Царинската управа. На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники товарниот сообраќај […]
-Со громогласен стоечки аплауз и овации заврши хуманитарниот настан „Од децата со љубов- Концерт на добрината“ кој кулминираше по завршната маестрална изведба на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје, а на кој виртуозно нѐ воведоа прецизните и воодушевувачки талентирани членови на ВИС „Стихири“ од Струмица, соопштија денеска од Фондацијата „Елуеса“ преку објава на […]
По повод 1 април, Денот на шегата, денеска во Градскиот парк во Богданци се оддржа традиционалната манифестација „Априлијада“. Во програмата учествуваа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „Богданци“. Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци. Наградени се следните […]