Синоќа изгоре автомобил во Струмица

Денеска во 02:15 часот, на улица „Васил Главинов“, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило. Пожарот бил во разгорена фаза при што е спречено негово ширење, а причинета е значителна материјална штета. Приодот до местото на пожарот бил значително отежнат поради паркираните автомобили на […]

ИСИЕ: 36 директори на јавни претпријатија потпишаа Декларација за антикорупциски

Денеска во Скопје во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација  (ИСИЕ) се одржа потпишување на Декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија. Со цел да се демонстрира политичка волја и да се даде придонес во спречувањето на корупцијата и подобрувањето на транспарентноста на јавните претпријатија, декларацијата ја потпишаа 36 директори на […]

Полициски билтен:откриени крадци од Дојран, уапсен пироман од Али Коч

На 19.09.2023 во 00:30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на […]

СВР Струмица спроведе контрола за санкционирање на возачи кои управуваат

На 17.09.2023 во времето од 10.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 106 прекршување на брзината, од кои 53 на подрачје на Радовиш, 28 на подрачје на Струмица, 14 на подрачје на Валандово и 11 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 57 пречекорувања на брзината […]

Пронајдена марихуана кај две лица од Конче

На 17.09.2023 во 22.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода И.Д. (23) и Т.С. (19), и двајцата од село Конче, општина Конче, бидејќи при преглед кај нив, кај И.Д. била пронајдена марихуана. И.Д. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.   По целосно документирање […]

Отворен нов центар за дневен престој на деца со попреченост

Од денеска  во Струмица и официјално започнува да работи новиот Центар за дневен престој на деца со попреченост, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика. Во центарот за децата со попреченост ќе се спроведуваат разновидни активности како и услуги со индивидуален третман. Услугите ќе ги спроведува здружението за поддршка во развојот и специјална едукација […]

Младинско кино на ЕУ: Green Deal-Заштедете енергија – и гледајте

По повод одбележување на Европската недела на мобилност, која се одржува на тема „Заштедете енергија“ од 16 до 22 септември, Младинското кино на ЕУ: Green Deal претставува тематски соодветни филмови. Училишните паралелки се поканети во кино додека секој може бесплатно да проследи неколку филмови од зелената програма Европската недела на мобилност е најважна кампања на […]

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД „ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС“

Комерцијална ПР објава До раководните лидери на: Стопанска Комора на Северна Македонија МАР – Македонска Асоцијација на Рударство Совет на Странски Инвеститори „Обична хипокризија е што за значењето на рударството се зборува во суперлативи само на „28-ми Август – Денот на Рударите“ селективно коментирајќи и посетувајќи ги парадно само постојните „стари“ рудници кои започнале во […]

Почна изградбата на булеварот од Струмица до Дабиле

Струмица ќе има уште еден булевар. Новото булеварско решение е од Струмица до населеното место Дабиле. Овој пат е еден од најфреквентните во државата кој води до граничниот премин Ново Село на македонско – бугарската граница. На започнувањето на градежните активности денеска беше градоначалникот Костадин Костадинов со членови на Советот и претставници на општинската администрација. […]

Владата донесе одлука за забрана на акции и промоции на

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 185 седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет. Оваа […]