Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36.465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари. Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: […]
Во однос на јавниот интерест во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на […]
Комерцијална ПР објава Инвестирањето во Македонија може да биде профитабилно и наградено бидејќи македонскиот финансиски систем претрпе значителни трансформации во последните три децении и ги има сите потребни алатки и институции со кои инвеститорите можат да остварат капитални добивки користејќи го потенцијалот на земјата. Ова го пренесе Коста Костадиновски, директор на Капитал Ассет Менаџмент, пред […]
-И денеска се работи на подобрување на патната инфраструктура во населените места. Се врши проширување на коловозната лента со странично проширување и тампонирање на патниот правец Муртино – Робово.За поголема безбедност на патиштата, за подобар живот во нашите села, објави градионачалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
На 20.07.2023, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.К.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник, информираа од МВР. Кај него бил пронајден паричникот, а биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од тешка кражба во здравствена установа во […]
На 20.07.2023 полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Т.Ј. од Радовиш. При претрес извршен со судска наредба во дом и други простории во Радовиш, сопственост на Т.Ј., биле пронајдени бела прашкаста материја, метална дробилка со остатоци од растителна материја, 9 парчиња маневарска муниција и една пушка,кал.4,5мм, соопштија денеска од МВР. При претресот […]
Да се сака Струмица значи да се работи не само за градот, туку и за населените места. Од Просениково започнавме со уредување на јавните површини во селата за поурбан изглед и одмор и релаксација на нашите сограѓани.
На 19.07.2023 во 21.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода И.Д.(19) и Н.А.(21), двајцата од Република Грција, соопштија денеска од МВР. При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничко моторно возило „дачиа дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице-грчки државјанин без документи. И.Д. и Н.А. […]
Македонија има огромен потенцијал за дигитална трансформација во земјоделството и шумарството, градежништвото и менаџирањето на отпадот со можности за вложување на сериозни средства од јавниот и приватниот сектор. Од друга страна, трендот на дигитална трансформација е многу актуелна тема поради зголемување на потрошувачката на електрична енергија (од 5-9% во вкупната потрошувачка на енергија во наредниот […]
Денеска во 12:00 часот, во близина на село Колешино, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 7 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена депонија од која пожарот се проширил на нискостеблестата шума во нејзина близина. Пожарот е навремено локализиран и ликвидиран околу 15:30 часот.