fbpx

Полициски билтен: Кај радовишанец пронајдена марихуана, друг потешко повреден по пад од мотоцикл

 Полициски билтен: Кај радовишанец пронајдена марихуана, друг потешко повреден по пад од мотоцикл

На 27.08.2023 во 21:30 часот во Радовиш, од полициски службеници е лишен од слобода В.С.(18) од Радовиш, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.08.2023 околу 17:45 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Велес, во близина на археолошки локалитет „Стоби“, Д.И. (20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата, возачот е пренесен во Општа болница-Велес каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Share via
Copy link