Југослав Тренчовски не е повеќе тренер на Ал Араби

Југослав Тренчовски, поранешниот прв тренер на македонскиот вицешампион Академија Пандев, не е повеќе на кормилото на тимот Ал Араби, по само неколку месеци откако седна на чело на кувајскиот клуб. Тренчовски по своите активности во Струмица, се реши за интернационален предизвик и во Кувајт прво беше технички директор во Ал Араби и тренер на вториот […]

Бочварски на увид во инфраструктурни проекти во Струмица

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе оствари работна посета на општина Струмица. Бочварски при престојот во Струмица ќе изврши увид во реконструкцијата на регионален пат Р 1404 Робово-Мурино.

Наградата за високо актерско остварување „Ристо Шишков“ за Дарија Ризова

Актерката Дарија Ризова е триесеттиот лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој се одржа од 8 до 13 овој месец. Таа ја доби наградата за најдобро актерско остварување на јубилејното издание на Фестивалот за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на […]

Две лица повредени во сообраќајка во Радовиш

Две лица се повредени во сообракајка што се случила попладнево околу 15:30 часот во Радовиш, на улицата „Осми Септември“. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова во сообраќајката учествувале две патнички возила, а возачот и сопатникот од едното возило се повредени. Со возила на Итната помош тие се пренесени на лекување во струмичката […]

Костадинов: 20 талентирани ученици од основно образование во времетраење од

Градоначалникот Костадин Костадинов на својот фејсбук профил објави дека 20 талентирани ученици од основно образование во времетраење од 9 месеци ќе добиваат по 2.000 денари стипендија од општината.

НОВУС и Медија Флеш спроведоа истражување за моменталната состојба за

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ и здружението „Медија Флеш“ во рамки на проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници” поддржан од програмата за поддршка Safe Journalistssafejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија спроведоа истражување кое имаше за цел да ја истражи моменталната состојба за слободата на репортирање во Југоисточниот регион и преку анкетни листови да […]

Бојан Димовски од Академија Пандев со повик за фудбалската репрезентација

Бојан Димовски од Академија Пандев доби повик од селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој денеска го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации. Првиот септемвриски меч ќе се одигра на гостински терен во Тбилиси, […]

Максим Михаилов од Русија ново засилување на Струмица Ников

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб денес го промовираше и третиот интернационалец од Русија, Максим Михаилов. Искусниот Михаилов во Струмица доаѓа од редовите на Будва, каде настапуваше заедно со Филип Деспотовски. Покрај Михаилов, од Русија во Струмица Никоб пристигнаа и Алексеј Лободин и Александер Злобин.

Сојузот на средношколци апелира за решавање на проблемот со недостигот

Сојузот на средношколци преку соопштение изразува разочарување што и на почетокот на учебната 2022/23 година, средношколците се соочуваат со познатиот проблем со недостиг на учебници и бара од институциите решавање на проблемот за да имаат непречен наставен процес. Овој проблем, посочуваат, е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години. Во овој период, Сојузот на средношколци […]