На сите верници – христијани од католичка вероисповед кои денес го слават Божиќ, од длабочината на моето срце им го честитам денот на Раѓањето Христово, со желба празнувањето да го поминат во семејна радост, среќа и благосостојба. Нека биде благословено радувањето и празнувањето на овој голем христијански празник. ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ БОЖИК.
Владата на Република Северна Македонија, согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица […]
На 23.12.2022 во 14.00 часот на место викано „Варница“, во атар на село Варварица, струмичко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.С.(22), С.С.(43) и З.С.(43), сите од село Баница, струмичко, соопштија од МВР. Лицата биле затекнати како со повеќе запрежни возила превезуваат вкупно 25 метри кубни бесправно исечени дабови огревни дрва, а кај нив биле пронајдени и одземени и неколку моторни […]
-Наместо службено возило за мене, младите ќе добијат нов мултифункционален простор за нивните потреби!Така работиме во Струмица.Ветено – сторено.Струмица ќе има Младински центар. Модерен и направен по современи стандарди, како што им доликува на младите во Струмица и на нивната прогресивна и европска визија, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Ќе биде сместен во сутеренот […]
На 22.12.2022 во 13:00 часот во Полициската станица Струмица, К.Ѓ.(34) од село Сарај, Струмичко, пријавил дека околу 11.30 часот на нива во атар на село Сарај бил физички нападнат од З.Ѓ.(51) од с.Сарај, соопштија денеска од СВР Струмица. Истиот ден, во 14.35 часот во Полициската станица Струмица З.Ѓ. од село Сарај пријавил дека околу 12.00 […]
Вчера во 01:50 часот во Полициската станица Радовиш, К.Н.(34) од село Долни Липовиќ, општина Конче, пријавил дека околу 00:40 часот во село Долни Липовиќ бил физички нападнат од С.Н.(51) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Европратеникот и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук денеска престојуваше во работна посета на општина Струмица и ја предводеше повеќечлената делегација од соседна Бугарија во која беа и градоначалникот и претседателот Советот на општина Крџали и нивните заменици, како и советници од општините Благоевград и Хаџидимово. На средбата со градоначалникот Костадин Костадинов, […]
Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, во последниот сет на пописни податоци ги објави податоците на ниво на населени места и тоа: – Вкупно резидентно население, домаќинства и станови – Вкупно резидентно население по 5-годишни […]
Почитувани сограѓани од турската заедница, 21 Декември е Ваш ден, ден кога пред 78 години започнала наставата на турски јазик во земјава, а веќе деценија и половина се одбележува како Ден на наставата на турски јазик. Да се посетува настава на својот мајчин јазик е едно од вашите основни права, но и придобивка од негувањето […]
Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица […]