Камион излетал од патот кон Доброшинци, тројца повредени

Вчера во 05:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил […]

ЈПКД „Комуналец“ со подршка на Советот на Општина Струмица набави

ЈПКД „Комуналец“ со подршка на Советот на Општина Струмица набави две нови автоматизирани машини за чистење на улиците по најсовремени европски стандарди коишто ќе овозможат побрзо и поквалитетно чистење на улиците. За што поконкретно станува збор од изјавата на Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Струмица, Зоран Горгиев. https://fb.watch/fE7_sb2Hnc/

Почна изградбата на велосипедски патеки во во рамки на проектот

Интегрална изјава на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов Почитувани граѓани, Почитувани велосипедисти и љубители на велосипедизмот,  Почитувани претставници на медиумите, Уште на Светскиот ден на велосипедизмот 3-ти јуни ви ветив дека Струмица ќе заличи на модерен и напреден ВЕЛО ГРАД по урнек на многу современи европски градови. Јас ветувањата ги исполнувам.      Денес, за време на […]

Градоначалникот Костадинов ќе учествува на првата регионална конференција посветена на

Регионалната Конференција “Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, поддржана од “AmCham” Албанија и Американската Амбасада, од 20 до 22 септември на едно место ќе обедини претставници на водечки технолошки компании и градоначалници од Западен Балкан. На иницијатива на Американската Администрација поддржано од “AmCham” Албанија и Американската Амбасада, во Тирана, […]

Карневалските групи „Струма“ и „Јане Сандански“ учествуваа на карневалот во

Карневалските групи „Струма“ и на гимназијата „Јане Сандански“ учествуваа на Карневалот во Шабац, Србија. Заради лошите временски услови тие не настапија на карнервалското дефиле, но нивните маски беа забележителен дел на карневалската забава и дружење. На овој карневал „Струма“ учествуваше со нивната маска „Јубилејниот кас“, а „Јане Санндански“ со „Господари на музиката“.

Костадинов: Општината и оваа година обезбедува лични асистенти

-Oпштина Струмица како лидер во државата во грижата за лицата со попреченост вклучени во образовниот процес и оваа година обезбедува лични асистенти кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот.Грижата е тие да се образоваат, а не да им бидеме само друштво, туку да ги вметнеме во образовниот процес, да успееме да им […]

Бочварски:Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на 3 патишта во

Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на Дојранскиот регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран. Министерот Бочварски оствари средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кој […]

Градоначалникот Костадинов присуствуваше на започнувањето на реконструкцијата на патот Робово

-На барање од граѓаните, а на мое инсистирање и проследување на барањето до надлежните од централната власт, денеска започна рехабилитацијата на патниот правец Робово – Муртино, објави градоначалникот Костадин Костадинов. -И оваа инвестиција тешка околу 50 милиони денари е плод на добрата соработка што ја имаме со владините институции и ресорните министерства.За неполна година од […]

Започна реконструкцијата на патниот правец Робово – Муртино

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорите на Јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски, и градоначалниците на општина Струмица и општина Босилово, денеска извршија увид во започнување на реконструкцијата на регионалниот пат Р 1404 Робово – Муртино. Инвестицијата за реконструкција на овој патен правец е во висина од 48 […]

Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, иднитепрофесионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна […]