Почина Костадин Манолев, првиот градоначалник на Струмица во независна Македонија

Денеска во Струмица на на 78 годишна возраст почина Костадин Манолев, прв градоначалник на Струмица во независна Македонија во периодот од 1990 до 1996 година, најпрвин како претседател на Општина Струмица, а потоа како градоначалник. Покрај оваа функција, Манолев во текот на својот живот извршувал и други значајни општествени и политички функции.

Полицијата апелира да не се пали оган на отворен простор

Се наоѓаме во период од годината кога земјоделците ги подготвуваат своите земјоделски површини за сеидба, при што палат стрништа, меѓи, плевел и други отпадоци. Во минатото бевме сведоци на многу појави кога ваквото неконтролирано палење беше причина за настанување на пожари, со кои се предизвикуваа штети на имотот на граѓаните.Токму поради наведеното Секторот за внатрешни […]

Во завршна фаза е изградбата на спортската сала во ООУ

Градончалникот Костадин Костадинов со своите соработници и дел од членовите на Советот на општина Струмица, денеска, изврши увид во завршните активности. Ако се се одвива според планот, салата ќе биде пуштена во употреба кон крајот на месец април. Инвеститор на проектот е Владата на Република Северна Македонија, се реализира преку Министерство на образование и наука, […]

Полициски билтен: пронајдена марихуана, физички напади,кражба на огревно дрво

На 27.03.2022 во 14.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(40) од Струмица. При претрес на моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на И.С., била пронајдена марихуана. Додека, при претрес на неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени пари во различни валути. По целосно расчистување на […]

Струмица меѓу 19 градови-кандидати за Европска младинска престолнина

Струмица е во конкуренција заедно со уште 18 градови за Европска младинска престолнина за 2025 година. Заедно со нашиот град конкурираат:Анталија и Измир (Турција), Дубровник (Хрватска), Алимос и Комотини (Грција), Љубљана (Словенија), Лавов (Украина), Мадрид, Фуенлабрада и Азкуека де Хенарес (Шпанија), Бургас и Стара Загора (Бугарија), Парденоне и Савона (Италија), Тромсо и Мосјон (Норвешка), Кишињев […]

Струмичките пожарникари вчера гаснеле три големи пожари на отворено

Вчера ТППЕ Струмица имаше три поголеми интервенции на отворен простор и тоа : – во атарот на с.Колешино со 4 ПП возила и 14 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалена сува трева, грмушки и дрвја. Опожарена е површина од околу 3 хектари. – во атарот на с.Едрениково со 2 ПП возила и 7 […]

МВР:Струмичанец измамен од „скопјанец“,го олеснил за 56.000 денари

На 25.03.2022 во 14:20 часот во СВР Струмица, 62-годишен маж од Струмица, вработен во хотел во Струмица, пријавил дека бил измамен од едно лице кое телефонски, претставувајќи се дека е од Скопје, резервирало неколку соби и конференциска сала во хотелот, а потоа се јавило уште два пати и му побарало од него да плати вкупно […]

Утре Еко акција „Чисти ридови за сите“

Во четирите општини од Струмичкиот регион, Струмица, Василево, Ново Село и Босилово, утре ќе се одржи еколошка акција „Чисти ридови за сите“. Акцијата почнува во 09:30 часот.

Двајца нови и 4 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 139• Битола – 19• Кавадарци – 14• Охрид – 10• Прилеп – 8• Кичево – 5• Гостивар и Неготино – по 4• Куманово, Тетово и Кочани – по 3• Велес, Струмица-2, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и […]

Вицепремиерот Битиќи и градоначалникот Костадинов на средба со стопанственици

На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, се одржа средба со претставници на бизнис секторот во Струмица, а на којшто присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Целта ни е заедно со бизнис секторот да се сретнеме на еден понеформален начин овде во Концепт и да разговараме за целата реализација на Буџетот, за кварталниот […]