„Комуналец“ набави пет нови возила за собирање отпад

Со пет нови поволно набавени специјални возила за подигање на комунален отпад е подновен возниот парк на „Комуналец“, 3 со зафатнина од 12 метри кубни, едно од 7 и едно од 5 метри кубни специјално за потесните улици. Сите возила се со комплетен систем за пресирање на сметот. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го посети подновениот […]

14 нови и 7 оздравени во Струмица од коронавирусот

Во последните 24 часа направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 142• Битола – 17• Охрид –16• Кавадарци и Струмица – по 14• Прилеп – 13• Велес – 9• Штип и Ресен – по 7• Валандово – 5• Тетово и Крива Паланка – по 4• Гевгелија и […]

Фото: Се санираат критичните точки на реката Струмица во Босилово

-Овие денови општина Босилово и АД “Водостопанство” активно работат на санација на критичните точки на река “Струмица”. Потребата од чистење на речното корито и понатаму останува, но неопходно е првенствено да се заштитат критични точки на речното корито, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Кај жител на Богородица полицијата пронајде семки од канабис

Денеска полициски службеници од ОВР Гевгелија – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода С.Г.(44) од село Богородица, гевгелиско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 228 семки од растението канабис и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска […]

Доделена благодарница на најстариот борец Јован Величковски

Денес ОО на СЗБ од НОБ и граганите подржувачи од Струмица му доделија благодарница на Јован Величковски за неговото учество како Командант на 2 Батаљон на 4 МНО Бригада во ослободување на Струмица. Величковски е на возраст од 99 години и еден од најстарите преживеани борци. На скромната свеченост која беше организирана во седиштето на […]

Промовиран проектот „Со медиумска писменост до борба против говор на

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“-Струмица продолжи со реализирање на проектот „Со медиумска писменост до борба против говор на омраза“, во средните општински училишта. Вчера проектот, кој е финансиран од Општина Струмица, преку интерактивен пристап беше промовиран пред ученици од четврта година во СОУ „Димитар Влахов“ на час по македонски јазик и литература, каде заедно […]

„Текстилците“ од „Никола Карев“ донираа постелнина во струмичката болница

Средношколците од текстилната струка при СОУ „Никола Карев“ донираа постелнина во празнични дезени што ја изработувале на часовите по практична настава, наменета за дечињата на одделот за педијатрија во струмичката болница. -Ова е трета донација и од се срце им благодариме на учениците , директорот и нивните ментори, за тоа што ќе пренесат дел од […]

Запален автомобил го прекина еден час сообраќајот на патот Струмица-Ново

Вечерва од 19:30 часот на магистралниот пат А-4, Струмица-ГП Ново Село, заради опожарено патничко моторно возило на патот, сообраќајот е во целосен прекин, информираа од АМСМ. Според информации од СВР Струмица автомобилот се запалил во движење во 19:16 часот, а по гаснењето од страна на струмичките пожарникари сообраќајот повторно е нормализиран во 20:10 часот. Во […]

Костадинов потпиша грант од 46 милиони денари за Струмица-паметен вело

Денеска потпишав договор за грант од Европската Унија со вредност од 749.210,70 евра односно 46.063.500 денари.Тригодишен проект кој Струмица ќе го направи Паметен Вело Град, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Следуваат уште многу проекти од странски извори на финансирање, а со цел подобрување на секојдневието на граѓаните.Моите зборови не се само празни ветувања, напиша […]

22 крводарители денеска даруваа крв

Општинската организација на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина денеска организираше граѓанска крводарителска акција. Акцијата се одржа во просториите на Службата за Трансфузиона медицина од 09:00 до 14 часот. И покрај состојбата со вирусот Ковид -19, акцијата беше успешно реализирана, а крв даруваа 22 крводарители.