Во училиштата во општина Василево стартуваше учебната 2020/2021 година

„Во специфични услови предизвикани од Корона вирусот, со почитување на насоките и протоколите од надлежните институции за заштита од  Ковид 19, денес, во училиштата во општина Василево стартуваше новата учебна година“, информираа  директорите на двете основни општински училишта, Стојан Тимов од ООУ “Гоце Делчев“, Василево  и Соња Ничева директорка на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. […]

Мотоциклист од Петралинци потешко повреден во сообраќајка во Дабиле

Завчера во 21:00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“, со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од село Петралинци, струмичко, и патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од село Дабиле, струмичко. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил […]

Почна ковид учебната година во основните училишта во Струмица

Првиот училишен час од новата учебна година, којашто поради пандемијата со Ковид – 19 започна еден месец подоцна и во специфични услови, градоначалникот Коста Јаневски го помина со првачињата од основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Дабиле, а ги посети и училиштата во Муртино и Банско. Успешен старт им посака и на сите ученици и […]

Струмица повторно со двоцифрен број заболени од Ковид-19

Денес во Струмица се регистрирани 10 новозаболени од коронавирусот. Во Гевгелија има 3, Радовиш-4 и Валандово-1. Оздравени се три лица од Струмица, и по две од Гевгелија и Валандово. Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 75 -Куманово 14 -Дебар 1 -Штип 5 -Прилеп […]

Денес во Струмица 9 новозаразени и 14 оздравени од коронавирусот

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 77 -Куманово 9 -Дебар 3-Штип 5 -Прилеп 11 -Тетово 16 -Струга 3 -Велес 5 -Битола 6 -Охрид 2-Кавадарци 3 -Гостивар 5 -Гевгелија 1 -Струмица 9 -Крива Паланка 3 –Радовиш 6-Кочани 10 -Пробиштип 3-Берово 1 –Валандово 3 -Виница […]

Родители во село Моноспитово со протест бараат настава со физичко

Родители на ученици од Основното училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово денес со мирен протест побараа сите ученици до деветто одделение да се вратат на настава со физичко присуство, бидејќи според нив училиштетото ги исполнува сите услови за настава според протоколите. Велат сите родители дале изјава дека се согласуваат нивните деца да посетуваат настава во […]

Потешко повреден пешак во центарот на Струмица

Вчера во 20.30 часот на крстосница од булевар „Ленинова“ и улица „4 Јули“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ј. (42) од Струмица, удрило во пешакот М.С. (50) од Струмица, објави МВР во билтенот. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид […]

„Еуромакс Ресоурцис“ донираше заштитни маски и скафандери за Здравствен дом

Хероите на 2020 се исправаат пред нов предизвик – есенскиот втор бран на КОВИД 19 пандемијата. Желбата да се поздрави досегашниот напор на здравствените работници, но и да се поддржи здравствениот сектор онаму каде им е најпотребно, беше мотивација за Еуромакс Ресоурцис да донира заштитна опрема – маски и скафандери за здравствените работници во Здравствениот […]

Струмица повторно со двоцифрен број заразени од коронавирус, еден починат

Денес во Струмица се регистрирани 11 нови случаи на заразени од коронавирус, а еден пациент на 58 години починал. Освен во Струмица, новозаразени се регистрирани во Радовиш-3 и Валандово-1. Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во:- Скопје 46- Куманово 7- Штип 1- Прилеп 2- Тетово […]

Четврто прскање против комарци по земјен пат во Југоистокот

Се известуваат сите граѓани на 10-те општини во Југоисточниот плански регион, доколку има поволни временски услови ќе се изврши четврто прскање против возрасни комарци, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Прскањњето ќе се реализира со следниот распоред:  На 30.09.2020 година (среда), во период од 16:00 до 18:00 часот во општините Конче, Радовиш, […]