Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Беласица го потпиша голманот Силјановски
Екипата на Беласица продолжува да се засилува за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на струмичката екипа е голманот Дејан Силјановски (25) кој доаѓа од редовите на Саса. Тој претходно беше чувар на мрежата на Тетекс, Македонија ЃП и Љуботен.
Инаку Силјановски е четвртиот нов играч во Беласица после Антонио Каланоски, Арбен Тафа и Робсон да Силва.