Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Богданчанец потешко повреден откако удрил во четири паркирани автомобили
Вчера во 11:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, Б.П.(78) од Богданци, управуајќи патничко возило „даеву“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во четири паркирани возила – „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки и „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки, соопштија од МВР.
Во несреќата, возачот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.