fbpx

Брера Струмица ја совлада Струга ТЛ и стигна до максимални „три од три“ на стартот од сезоната

 Брера Струмица ја совлада Струга ТЛ и стигна до максимални „три од три“ на стартот од сезоната

Брера Струмица продолжува со максималниот ефект во Првата фудбалска лига. Струмичкиот тим ја оствари и третата победа откако денеска го победи актуелниот шампион Струга Трим Лум со 1:2.

Ване Крстевски во 27.минута ја доведе Брера во водство, а израмни Бесарт Ибраими со голот во 53.минута. Сепак, Брера постигна и втор гол преку Марио Врдољак во 71.минута. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Струга ТЛ по корнерот од десната страна.

По три одиграни кола Брера Струмица има максимални девет бода и е лидер на табелата, додека Струга одигра два меча и има освоено три бода.

Share via
Copy link