fbpx

Честитка од премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на мирот

 Честитка од премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на мирот

Денес е Mеѓународен ден на мирот. Во 1981, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно ја усвои Резолуцијата 36/67 која го промовира идеалот на мирот.

Северна Македонија е во срцето на турбулентниот Балкан. Дијалогот, толеранцијата и почитувањето на различностите се основа за градење добрососедски односи во нашиот регион во насока на обезбедување траен мир, развој и просперитет. Тоа беше и останува наша водилка во надворешната политика, како и силната посветеност на основните вредности на ОН.

На домашен план, остануваме посветени на јакнење на социјалната кохезија, како и на одржување на мирот и стабилноста во функција на општествен развој и инклузивен економски прогрес.

Владата е силно посветена на постојано унапредување на концептот – едно општество за сите. Но, оваа заложба не може да биде само политичка. Таа треба да биде лична заложба на секој еден од нас.

Ви го честитам Меѓународниот ден на мирот и ви посакувам да останете здрави и безбедни.

Share via
Copy link