„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Честитка за 1 Мај од градоначалникот Костадинов
-Каде и да застанеме во нашава Струмица, каде и да се свртиме околу себе, и се она што притоа ќе го видиме е дело на работниците и нивниот несебично вложен труд.
Почитувани работници,
Вие сте најважната и нераскинлива алка во стопанските и севкупните општествени текови, и како такви ја заслужувате сета почит и внимание. Бидете горди на она што го работите, но секогаш бидете истрајни во борбата за задоволување на вашите работнички права.
Мојата визија вели: „Силна Струмица – силна заедница со силни и достоинствени работници“.
Честит нека е 1 Мај – Меѓународен ден на трудот.