Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
ВМРО ДПМНЕ обвинува за закани и притисоци, СДСМ дека шират лаги и манипулации
Во продолжение ги пренесуваме интегрално соопштенијата на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Борче Цветков – Претседател на ОО СДСМ Струмица Изборите ќе ги изгубите, ама барем да се зачува достоинството !
Почитувани сограѓани,
СТРУМИЦА НА ОВИЕ ИЗБОРИ СТАНА СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКАТА СЛОБОДА!
Многу скоро наша Струмица ќе стане симбол на правдата и борбата против корупцијата и криминалот. Струмица го препозна важноста на моментот и враќање назад нема!
Со ова обраќање Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ известува и предупредува на притисоци од СДСМ која е во паника поради поразувачките резултати на првиот круг од Претседателските избори.
Голем број на вработени во администрацијата се жалат на притисоци и закани. СДСМ се обидува да шири страв со уцени најпрвин кон голем број свои членови и активисти, а потоа се дрзнува да упатува закани и застрашувања на активистите на ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе втор пат е каменуван штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Вељуса што е уредно пријавено од страна на наши сограѓани.
Ист случај на каменување е пријавен и во Габрово. Во Турското маало се вршат притисоци во два часот по полноќ. Граѓаните се поплакуват дека Партијата на власт која е во заминување се уште си дозволува да ги заплашува ранливите категории на граѓани со укинување на помош и примања.
Ги охрабруваме сите наши сограѓани, особено членовите на СДСМ кои се ослободија и веќе го напуштат бродот на СДСМ кој тоне да не подлегнуват на заканите и притисоците. Апелираме до администрацијата да не подлегнуват на никакви притисоци и закани и уредно да ги пријавуват.
Знаеме дека станува многу сложено да се контролира паниката во Општинската Организација на СДСМ во Струмица како резултат на лошото владеење во сите мандати на локална и национална власт, но му препорачуваме на Претседателот на ООСДСМ Струмица:
Изборите ќе ги изгубите, барем да го сочуваме достоинството !
ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ ВМРО-ДПМНЕ-СТРУМИЦA
Почитувани граѓани,
Јас, Борче Цветков, претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица и кандидат за пратеник од СДСМ во Изборната единица 4, најостро ги демантирам и отфрлувам сите обвинување упатени кон мене од страна на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
Но, тоа е ДПМНЕ, освен да шират лаги и да манипулираат со народот, ништо друго и не знаат.
Ниту сме во паника, ниту пак сме вршеле, ни ќе вршиме притисоци и закани на вработени во администрацијата, ниту пак укинуваме социјална помош, НИКОГАШ ДОСЕГА ТАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ПРАВЕЛЕ. ДПМНЕ се мајстори за тоа и немаме намера да им го земаме занаетот. А уште помалку да им се закануваме на нивните активисти и да шириме страв меѓу членовите и активистите на СДСМ. Поголеми небулози од овие досега не сме слушнале.
Тенденциозно е небулозно е и обвинувањето за наводно каменување на штабовите на ВМРО ДПМНЕ во Вељуса и Габрово. Па ВМРО ДПМНЕ беше и останува е синоним за вандализам, што е потврдено на фотографиите коишто се во прилог.
И за крај, сонот за Струмица НИКОГАШ нема да ви се оствари. Струмица НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ВАША. Дваесет години го соновувате тој сон и уште најмалку толку ќе сонувате и ќе копнеете по неа. Деновиве сте се расшетале по неа и не можете да и се нагледате колку е различна и напредна за разлика од општините каде што вие владеете. Запознајте ја и разгледајте ја, за да ви биде уште повеќе мака по 8 мај, затоа што нема да ја освоите.
Битката е изгубена, но не и војната.