fbpx

Четири лица осомничени за сторено кривично дело “насилство” новогодишната ноќ ја поминаа во полициска станица

 Четири лица осомничени за сторено кривично дело “насилство” новогодишната ноќ ја поминаа во полициска станица

Синоќа во 21:00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А. (52), О.А. (20), Ј.К. (24) и Д.А. (27), сите од Струмица, кои околу 20:00 часот во училишен двор во Струмица со метални и дрвени предмети ги нападнале Г.П., В.Х., Е.М., Е.М. и Б.М.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, полицијата регистрирала и два физички напади. Имено, синоќа во 21:30 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.С. (35) од Радовиш, кој на локалниот пат за село Тополница, радовишко, физички ги нападнал М.М. (60) од село Ињево, радовишко и М.М. (31) од село Прналија, радовишко.

На 31.12.2023 година во 17.00 часот во Полициската станица Струмица М.Ј. (42) од село Просениково, струмичко, пријавила дека околу 16.00 часот во село Просениково била физички нападната од Т.П.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Според информациите од СВР Струмица, новогодишната ноќ помина мирно и безбедно и не е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир и ниту една сообраќајка.

Share via
Copy link