fbpx

Четворица новозаразени во Струмица и уште две деца позитивни на Ковид-19 од детската градинка

 Четворица новозаразени во Струмица и уште две деца позитивни на Ковид-19 од детската градинка

Денес се регистрирани четворица новозаразени од Струмица, но и уште две деца од детската градинка од истата група од која е и првото.

Според директорот Васил Бубев, не може да се утврди дали станува збор за поврзаност со првиот случај на Ковид- 19 во групата, бидејќи едното од децата воопшто не се сретнало со првото позитивно дете, додека другото било во контакт само еден ден. Не е исклучена можноста да станува збор за пренос на вирусот од други лица во кругот на семејствата кои можеби се носители на вирусот, но се асимптоматски.

Инаку, освен во Струмица денес се забележани четири нови случаи во Гевгелија и Радовиш, додека починати од регионот нема.

Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 47- Куманово 18- Штип 3- Прилеп 7- Тетово 15- Струга 3- Велес 3- Битола 3- Охрид 1- Кавадарци 2- Гостивар 3- Гевгелија 4- Струмица 4– Крива Паланка 2- Радовиш 4- Крушево 1- Кочани 5- Пробиштип 2- Македонски Брод 1- Берово 3- Делчево 2- Свети Николе 3- Кичево 2- Ресен 2.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од:- Скопје 25- Куманово 9- Штип 3- Прилеп 2- Струга 3- Охрид 2- Кавадарци 2- Крива Паланка 1- Кочани 6- Пехчево 3- Берово 1- Делчево 1- Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

Share via
Copy link