„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црвен крст Струмица почна со делење хигиенски пакети и лектири во населени места во општина Василево
Волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска почнаа со делење 3.000 хигиенски пакети и лектири за деца до 12 години од турска и македонска националност.
Хигиенските пакети се наменети за семејствата, а оние што имаат деца добиваат и комплет лектири на турски и на македонски. Денес беа опфатени 93 семејства во селата Доброшинци и Нова Маала.
Пакетите се обезбедени од Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика.
Хуманитарната акција продолжува и во наредните денови во останатите села во општина Василево.