fbpx

Денеска се роди првото бебе во Новата година во Струмица

 Денеска се роди првото бебе во Новата година во Струмица

Ноќеска, во два часот по полноќ, Македонка Јанкулова од Струмица, на свет донесе здраво машко дете тешко 3.850 грама, објави градоначалникот на Струмива, Коста Јаневски.

-На мајката и посакувам да и е живо и здраво синчето, а на новороденчето, среќно и безгрижно детство и убава иднина во родната Струмица.Поради пандемијата од Ковид – 19 и почитувањето на здравствените протоколи и мерките за заштита, нема да ги посетам и лично да им честитам и посакам се најубаво во Новата година, но традиционалниот подарок од Општина Струмица, меѓу кој и штедна книшка со 20 илјади денари, е веќе испратен и предаден на мајката.Да имаат многу здравје, среќа, спокоен и долг живот.Општина Струмица и оваа година ќе продолжи со финансиската поддршка за секое бебе родено во струмичката болница од мајка со постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица, напиша во честитката Јаневски.

Share via
Copy link