Костадинов:Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад
Џио Струмица го продолжи договорот и со Тиме Ричлиев
Актуелниот македонски одбојкарски шампион Џио Струмица продолжува со формирање на тимот за новата сезона. Откако претходно раководството на Џио Струмица потпиша договори со Владо Милев и со Васе Михаилов и го продолжи договорот на Ристо Николов, струмичани го обезбедија потписот и на Тиме Ричлиев.
Ричлиев беше дел од тимот кој доминираше во македонскиот шампионат минатите сезони, а тој ја продолжи верноста кон клубот за уште една година, со можност истата да биде продолжена.
„Неприкосновениот плејмејкер на нашиот тим Тиме Ричлиев го продолжи договорот со ЏИО Струмица и го бетонираше своето место во екипата. Еден од главните столбови на екипата кој напамет го знае рецептот за освојување двојни круни со нашиот тим ја продолжи верноста на клубот за уште една година со можност истата да потрае и повеќе“, стои во соопштението од клубот.