fbpx

Димитар Џорлев освои „Златна почест“ на светски натпревар за астрономија и астрофизика

Димитар Џорлев, ученик во средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица ја освои наградата „Златна почест“ на Меѓународниот натпревар за астрономија и астрофизика, пренесува fakulteti.mk

Во голема конкуренција на ученици од 80 држави, Џорлев го доби признанието што го добија само 2 отсто од учесниците. Тој ја освои и Националната награда за најдобар учесник од Македонија. Џорлев ја заврши втората година во струмичката гимназија.

Тој веќе бележи големи успеси на многу меѓународни натпревари и олимпијади по природни науки, информатика, математика.

Share via
Copy link